Како функционирала шемата за затајување данок и дали двајцата вработени можеле сами?


Обвинителството за организиран криминал ќе испитува како 2 вработени успеале да амнестираат 37 фирми од плаќање данок на добивка.

Веќе е отворена предистражна постапка, бидејќи постојат индиции за сторено кривично дело. Експерите пак се сомневаат дека во даночниот скандал се замешани само двајца службеници – велат, ваквата разработена шема морало некој хиерархиски на повисоко ниво да ја контролира.

Директорката на УЈП, обелодени дека приватни и државни фирми 2 години не плаќале данок на добивка. Нивни вработени ги тргале од списоците за опомена , со што компаниите биле спасени и од присилна наплатата. За да го прават ова – морало да има мотив

Главен мотив мора да се парите. Иначе не би се дрзнале да прават криминал, да кршат неколку закони, како и кодексот за однесување на вработените во Управтаа. Ова е преседан, додава Гацов.

Веќе се шпекулира со сума од 350 евра месечно за помалите фирми, а далеку повисока за поголемите, која трговците им ја давале на вработените во Управата за јавни приходи за нивната фирма да не се најде меќу плаќачите на данок на добивка. Лукаревска не сакаше да ја открие сумата која на овој начин го оштетила буџетот, но кажа дека се работи за милионски износи и дека сите фирми се од Скопје.

Експертите очекуваат, откако ќе заврши истрагата- да бидат објавени имињата на фирмите и сумите, за да се разграничи кои компании работата согласно законот, а кои свесно го кршат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1