Во Македонија добар дел од имињата на селата звучат многу хумористично и срамно. Некои топоними наведуваат и на вулгарни помисли, асоцираат на некакво значење, кое, всушност, е далеку од значењето на соодветниот топоним.
Има листа на села, како Горно и Долно Дупени, Прдејци и Подмочани, кои меѓу народот неоправдано служат за потсмев и за невкусни споредби, затоа што ретко некој го знае нивното вистинско потекло.
Името Прдејци потекнува од лично име Прде, Прдо, Прдан, односно од фамилијарното име Прдевци.
Подмочани
“Од кај си ти, да не си од Подмочани што си се измочало во гаќи?”, ги прашуваме понекогаш малите деца, без да знаеме дека во толковниците за топонимите во Македонија некој истражил и објаснил дека името на селото доаѓа од составот “под моч”, што значи место што се наоѓа под моч, под мочурливо и влажно место. Луѓето доселени од ова место формирале село, кое се нарекло по мочурливото место од кај што дошле.
Паликура
Интересно е името и на тиквешкото село Паликура. За потеклото на ова село, кое се наоѓа на височинка, всушност, има две приказни. Според жителите на Паликура, името е од пред неколку века, уште од турско време. Кога доаѓал аскерот да ги гаѓа комитите на височинката со топови, се слушале команди: “Пали!” Бидејќи Турците промашувале, овие одозгора им покажувале среден прст или цела рака и ги провоцирале на цел глас.
Името Паликура има грчко потекло. “Палаиос” е грчка придавка, со значење стар и именката “хорион” е грчка, а значи село, па, според тоа, Паликура е Старо Село.
“Кај да се бара вечер нешто за да се омрсам, во Горно или во Долно Дупени?”, е честа шега кај младите, а е чиста заблуда.
Дупени е добиено со топонимизација на етникот во множина ‘дупјани’, луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка”
Кури Дере
Такво е велешкото село Кури Дере, кое кај многумина што не слушнале за коренот на овој топоним предизвикува реакција на смеење или чудење. Селото Кури Дере значи сув дол и е со турско потекло – ‘кури’ значи сув, ‘дере’ е дол. ‘Куру’ е, всушност, оригиналниот турски збор со значење сув″.
Кривогаштани
Според преданието, Кривогаштани потекнува од некогашната градска населба Крив Град која се протегала од Македонски Брод(Дебреште) до Битола(Чепигово),формирана за време на доаѓањето на Јужните Словени на Балканот.Така била наречена според кривите,тесно и долги улици.Во одреден историски период дошлодо голем змејотрес и поплави па од тогашниот град останал само центарот денешното село Кривогаштани.Ова шиво предание за постоењето на некогашниот град населението го поткрепува со наодите што ги наоѓа при обработката на земјата,како што се темели од стари градби,камени плочи од гробови,разни керамики,чупови и сл.
Постои и друго предание за потеклото на името на Кривогаштани според која тоа произлегува од носијата на кривогаштанци.Имено,околните места им се потсмевале на старите кривогаштанци како ги носеле своите гашти на криво.Од тоа потсмевање се добило и името на населбата а жителите не им се лутеле на другите за таа шега,туку напротив се гордееле од таквото именување и го прифатиле името на своето населено место.
magazine.danaucime.mk