Огласите за работа во далечните земји станаа многу популарни особено поради тоа што просечната плата во Македонија е и по 12 пати помала во однос на странство. Еве колку пари може да заработите доколку се вработите како работник на нафтена платформа, како ловец или риболовец или како собирач на краби.
За работа на нафтените полиња на Сeверното море, платата е 4.000 евра додека на плантажите во Грција таа е 2.000 евра. Во огласите најчесто пишува дека само треба да го повикате бројот, да платите провизија од неколку стотици евра и веќе сте таму.
Лов на краби
Ова е една од најопасните, но и една од најисплатливите работи. Кој е
подготвен да си го ризикува животот за време на една сезона може да
заработи мало богатство. Во оваа работа се подразбираат 24 часа работа,
15 метарски бранови ладни како мраз, брзина на ветрот над 129 километри
на час, снежни бури и санти лед. За време на една сезона во првите 24
часа погинаа шест рибари. Процентот на повреди е 100 проценти, а во
текот на седум дена страда по еден рибар. На 10.000 луѓе умираат 300
рибари, а над 80 проценти од нив умираат поради замрзнување или давење.
Минатата сезона флотата улови краби вредни 200 милиони долари од
Беринговото море.
Островото Свалбард: За лов и риболов 60.000 евра
Островот Свалбард кое се наоѓа на Арктикот е познат по суровото време, но е рај за оние кои немаат работа. Луѓето таму најчесто се занимаваат со лов, риболов и туризам, а официјалните податоци велат дека заработувачката на годишно ниво е околу 60.000 евра по работник. За работа на овој остров не треба виза ниту работна дозвола, а во него може да се влезе преку Норвешка.
Работници во Германија
Ако работата на Арктикот ви е предалеку, тогаш спасот може да го најдете во Германија. Според германската телевизија Дојче веле, во оваа земја во наредните 30 години ќе недостасуваат од 300 – 500.000 работници. На Германија и требаат експерти-информатичари, инженери, негователи и лекари. Доколку не припаѓате во оваа група, секогаш постои потреба од физички работници, молери и ѕидари кои за оваа работа земаат неколкупати повеќе отколку кај нас.
Многу
луѓе од земјите на поранешна Југославија заминаа на работа во Ирак и
Авганистан, работејќи во кујна, складишта или на превоз на роба.
Договорите ги потпишуваа на една година, а платата е околу 3.000 долари
месечмо.
Во последниве неколку години често се наоѓаат и огласи на компании кои
бараат дегустатори на пива и чоколади, а се бараат и работници за
тестирање на медицинска марихуана, видео игри, и луѓе кои ќе тестираат
луксузни кревети.
Во последно време работници се бараат и за во Танзанија. Иако оваа земја е сиромашна, во последно време голем број на водечки светски компании инвестираат токму во неа, а најчесто се бараат работници од Европа. Така за работа во Гранд казино во Танзанија може да бидете платени од 2-3.000 долари месечно.