Како ИСИС привлекува млади девојки?


Борците на Исламската држава се во потрага по сопруги. Тие најчестона интернет пронаоѓаат тинејџерки и им ветуваат фантастичен живот.

Многу девојки веќе наседнале на “фантастичниот” живот за кој им зборуваат непознати мажи кои ги запознале на интернет.501426-burka

Борците на ИСИС се’ почесто ги наоѓаат девојките на социјалните мрежи, па така минатата седмица успеале да убедат три тинејџерки од Денвер да ги напуштат своите домови и да тргнат во Сирија. Девојките на возраст од 15, 16 и 17 години биле сопрени во Германија и вратени дома, пишува CBS News.

Не е јасно што “он-лајн предаторите” точно им ветиле, но експертите веруваат дека тие ги придобиваат девојките ветувајќи им земја од соништата во која ќе живеат среќно со добри сопрузи.

Исламистите “регрутираат” се’ помлади и помлади девојки и за многу кратко време им ветуваат брак. Многу девојки наседнуваат на тие ветувања.

Минатиот месец едно 19-годишна девојка од Колорадо признала дека планирала да се омажи за човек кој го запознала на интернет, а кој се бори од страната на екстремистите, пишува CBS News.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1