Како настанал инцидентот во струшко – писмо од жителите


До нашата редакција пристигна писмо потпишано од жителите на село Враништа, каде по изборниот ден изби инцидент во кои неколку лица беа повредени а причинета беше и материјална штета – ви го пренесуваме во целост писмото на кое стои дека е испратено од жители на Враништа.

velesta-083-464x320,,Во врска со информациите  дека регионалниот пат Струга-Дебар бил блокиран од страна на месното население на с.Враништа категорично ја отфрламе како неточна и неоснована.
Воедно Ве информираме дека патниците од едно од возилата во самата колона се обидоа да го симнат нашето државно знаме поставено до избирачкото место во с. Враништа, истите тие патници физички нападнаа група на малолетници кои се наоѓале во непосредна близина влегувајќи во самиот центар на селото, а воедно после тој напад и ги каменуваа околните куќи.
Сакаме да ја информираме јавноста дека на истиот патен правец спонтано  се собраа група на граѓани од село Враништа од причина што на тој настан претходеше груба провокација од страна на граѓаните, кои се жители на оклоните села и кој истите тие застанаа на самиот регионален пат на спротивната страна,  кој со возила се враќаа од прославата организирана после самообјавената победа на ДПА на овие локални избори.
Со оглед на гореспоменатите инциденти нашите граѓани застанаа во одбрана на групата малолетници, околните домови и нашето државно знаме.
Овој инцидентет Ве уверуваме дека беше планиран за да се испровоцира нашето месно население , а вината да се префрли на жителите на село Враништа.

Со почит,

Граѓаните на село Враништа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1