Како Владимир Путин им го честиташе 8-ми март на Русинките (ВИДЕО)


Претседателот на Русија, Владимир Путин на припадничките на понежниот пол им го честиташе меѓународниот празник на жените 8-ми март. Путин во својата честитка навел дека токму во достоинството и милосрдието на поубавиот пол се огледува душата на Русија.putin 444

– Драги жени, срдечно ви го честитам Меѓунардониот празник на жените. Овој празник во Русија се одбележува со посебна топлина, како никаде во светот. Тој е исполнет со подароци и цвеќе, со најдобри желби кон нашите мајки, жени, ќерки, колешки – сите жени кои му се блиски на нашето срце – навел Путин во честитката.

Претседателот на Русија навел дека мажите во Русија се гордеат со своите жени и дека ги сакаат.

– Жените ни даваат живот, не греат со својата љубов, поддршка и грижа. Токму во жената, во нејзиното достоинство и молосрдие се открива вистинската душа на Русија – навел Путин.

Рускиот лидер посебно признание им дал на жените од воената генерација.

– Вашата сила на духот, вашите подвизи не научија да бидеме вистински мажи, да победуваме наспроти се. Современите жени се рамо до рамо со вас. Сите успеаваат : да достигнат врв во професијата, во творештвото, во општествената работа, да создаваат радосна и удобна атмосфера во семејството, да воспитуваат деца – изјавил Путин.

– Вие драги наши жени, владеете со неоткриена тајна – се постигнувате, излегувате на крај со огромниот товар и да останате нежни, впечатливи, заводливи. Вие му донесувате на светот добрина и убавина и надеж. Се гордееме со вас и ве сакаме – порачал претседателот на Русија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1