Како влијаат боите на елката на вашето расположение


Дали сте знаеле дека бојата која преовладува на вашата елка влијае на вашето расположение? Кога китите елка, не претерувајте со боите, но не претерувајте ни со прерано китење. Ако прерано ја накитите елката, може да се случи целиот тој сјај и блескавост на бои да ве засити пред време.

new-york-Roman-K-600x401
Во духот на нашите обичаи, размислете за тоа дека елката треба да ја поставите пред Нова година, за да остане до Православна Нова година. Исто така, пожелно е секој од домашните, па дури и гостин да стави некој свој украс на елката, за да се чувствува попријатно. Тоа не мора да биде купен украс; подеднакво убава може да биде елка накитена со бонбони или со украси кои ќе ги направите сами. Но, да се вратиме на боите.

Зелена – оваа боја треба што повеќе да се користи. Новогодишната грозница може да биде многу стресна и затоа е важно во домот да доминира зелената боја, бидејќи таа боја смирува. Покрај тоа, одличен контраст е на доминантната црвена новогодишна боја. Ако сте се одлучиле за зелена елка, тоа е добар избор, бидејќи на зелена боја одат дури и многу разнобојни украси.

Бела – фенг шуи вели дека тоа е боја без живот, боја без боја и дека не се препорачува да се користи во вакви прилики. Меѓутоа, во последно време се појавуваат се повеќе бели новогодишни елки и украсни гранчиња, кои можат подеднакво да бидат вкусно накитени. Сепак, ако китите бела елка, треба да водите сметка за тоа да не мешате повеќе од две бои на украси.

Црвена – не се вели залудно дека тоа е боја која симболизира радост, среќа, уживање, но и длабока и страсна љубов. Исто така, се верува дека штити од негативна енергија и без сомневање може да се каже дека тоа е боја која почнувајќи од гардеробата на Дедо Мраз, па до украсните ленти и сијалички, најчесто може да се види пред новогодишните празници. Црвената боја на украсите идеално оди со златната боја.

Сина – боја на духовност, сочувство и нежност. Се поврзува со духовноста, постојаноста и верноста. Како и зелената и оваа боја делува смирувачки. Затоа, ако наместо за зелена се определите за бела вештачка елка, идеална боја за украсите е сина.

Виолетова (пурпурна) – боја која симболизира верност, вистинитост, љубов и страдање. Тоа во ист момент е и боја на високото благородништво, па елката може навистина да изгледа ексклузивно ако со неа доминира виолетова боја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1