Како во хорор филм – стотици лилјаци им влегле во становите во зградата


Стотина лилјаци влетале во стамбена зграда во округот Џинг во Кина плашејќи ги станарите кои биле присилени да излезат надвор.

Во помош на станарите дошле пожарникарите облечени во посебни заштитни одела. Кога влегле во зградата сфатиле дека проблемот е многу голем.

1sismisКај внатрешноста се населиле стотина лилјаци кои виселе на таванот, пренесува APTN.

Пожарникарите прво се обиделе да ги фатат лилјаците кои биле на пониските делови, а оние кои не успеале да ги дофатат, ги растерале со воден топ. Борбата траела малку повеќе од 40 минути.

После успешниот „лов“, лилјаците биле пуштени во дивината.

Стручњакот за животни, Тиан Џиандонг изјавил дека лилјаците најверојатно биле привлечени од дрвјата во близина населени со мноштво разни бубачки со кои тие се хранат.

„Ден претходно температурите беа ниски, па лилјаците веројатно се обиделе да најдат потопло засолниште“, додал Тиан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1