Како води љубов со вас – позата открива какви му се чувствата кон вас


Некои сексолози тврдат дека секс-позата што најчесто ја практикува вашиот партнер може да ги открие чувствата што тој ги има спрема вас.seks 432

„Кучешка поза“

Доколку вашиот партнер ја обожава оваа поза можеби и треба да се запрашате за вашиот однос. Мажите што ја претпочитаат оваа поза, не сакаат сериозни врски.

Лажица
Доколку не знаевте, ова е поза во која мажот е припиен до жената и ја допира со своето тело по должината на нејзиното тело. Овие мажи, кои ја претпочитаат оваа поза, имаат силни емоции за жената со која водат љубов.

Жената врз мажот
Вашиот партнер го сака вашиот изглед. Тоа значи дека му се допаѓа како изгледате и сака постојано да ве има на око.

Поза „69“
Мажот на кој оваа поза му е омилена подготвен е за моментално уживање. Тој не ја доживува партнерката како некој со кого би сакал да го помине животот.

Мисионерска поза
Оваа поза, исто така како и позата „лажица“, е знак дека вашиот партнер ве обожава. Сè што ви е потребно е малку разновидност, возбудување и спонтаност во спалната соба.

Секс набрзинка
И покрај големиот број обврски, вие наоѓате време за секс. Доколку е така, вашата врска е полна со спонтаност и со страст. Понекогаш ви е тешко да се воздржите и да ги чувате рацете подалеку еден од друг

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1