Како за 8 минути да ви исчезнат сите проблеми


Нобеловецот Даниел Кахнеман тврди дека само во еден ден доживуваме 20 000 моменти. Секој момент се состои од неколку секунди. Каков ќе ни биде денот зависи од тоа како мозокот ги доживува тие моменти – позитивно, негативно или неутрално.

На пример ќе видите вљубен пар на улица – тие неколку секунди или чуствувате пријатност или пак тага, зависно од вашата моментна емотивна ситуација. Некоја храна може да ви предизвика гадење, некоја глад. Сите овие информации телото ги доживува или како стрес или како релаксација.

Има и моменти кои ги доживуваме неутрално и на нив телото физички не реагира. Дали ви се случило во паника да заборавите и каде е телефонот, кој беше бројот ( што обично го знаете напамет) сето тоа е поради блокадата од стресната ситуација.

Мора да најдете начин да се релаксирате 8 минути за да бидете во состојба правилно да расудувате.  Не џабе старите рекле – кога си лут не прави ништо зошто тогаш најчесто се греши.

Нобеловецот дава совети и како да ги неутрализираме негативните – стресни стимуланси.

Кога се чуствувате лошо веднаш сетете се дека треба да сте благодарни за тоа што го имате. Семејството, здравјето. Веднаш ќе се опушти телото и ќе ве облее поголемо задоволство кое ќе ја намали грижата, вели психологот Април Масини. Според неа ова мора и да се вежба, бидејќи најчесто свесно дозволуваме проблемот да не обземе.

Психијатарот Елизабет Ватерман пак вели дека во момент на стрес потребни се 8 минути ,, на облаци,,( народски кажано) да си замислите среќна ситуација. Толку му е време потребно на организмот да се смири од стресот.  После тоа помирно ќе го согледате проблемот и полесно ќе најдете решение.

Измамете го мозокот – со сила дајте му позитивна мисла.

Ако не ви оди само од себе запишете некоја среќна мисла и читајте ја на глас сосила.

За секое црно сценарио кое ви се врти во глава – надоместете 5 позитивни 

Има еден трик кои психолозите го нарекуваат ,, 5 позитивни за еден негативен став,, така многу полесно ќе сте во состојба после да вагате

Ако успеете да ги скротите лошите мисли ќе сте и поздрави и посмирени.  Негативните стимуланси долгорочно удираат на здравјето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1