Како живеат премиерите на поранешните ЈУ- простори


Имотните податоци за премиерите од поранешните простори на бивша Југолсовија се „штури“, а најшарени податоци покрај за црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, има и за Аленка Братушек, премиерката на Словенија, пишува српски „Блиц“.
Според последните податоци кои Братушек ги доставила пред да постане прва претседателка на Владата во историјата на Словенија, приходите и заштедите се наведени до секој цент. Тоа е и разбирливо, имајќи предвид дека прекривањето на приходите многу го чинеше нејзиниот претходник Јанез Јанша. Дел од јавноста изрази сомнеж дела премиерката која се вози во мерцедес А класа, кој во 2010 година вредел 14.700 евра, на сметка нема повеќе од 10 илјади евра.
g_premieriforweb
Мило Ѓукановиќ пријавил 940 евра плата,недвижности и сопственички удел кој ги поседува во фирмите. За разлика од Братушек, Ѓукановиќ не навел никаква заштеда во банка иако кон стедината на април имал приход од повеќе од милион евра со продажба на 2,55 отсто на учеството во Прва банка, што не е објавено на сајтот на Комисијата се спречување на судир на интереси.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ својата имотна состојба ја зацврстил со девизни дневници.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на кредит купил стан од 127 квадрати во центарот на Загреб вреден 298.800 евра. За да си ја олесни отплатата, го продал својот стан од 130 квадрати, за кој според податоците на „Јутарњи лист“ добил 170 илјади евра.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1