Водата за пиење генерално ги задоволува стандардите. Има места без водовод,со бунари и вода без хлор. Во Гевгелија во водата има поголема концентрација на арсен. Граѓаните реагираат, а надлежните бараат решение.
Анализите за водоснабдувањето во Македонија покажуваат дека санитарно-хигиенската состојба на објектите за водоснабдување и здравствената исправност на анализираните примероци вода, споредено со претходните години, генерално задоволува. Со анализата биле опфатени 1.290.000 жители.
Подземниот катастар ќе каже – каде има цевки од азбест?!
Освен квалитетна вода како примарен ресурс важно е низ какви системи таа поминува пред да се употреби. Во Македонија се прави подземен катастар во кој клучни се водоводните инсталации и тој ќе биде од помош. Одредени градови направија делумна замена на цевките од азбест. Меѓу нив Охрид и Прилеп. Азбестот е исклучително опасен доколку дојде до негово кршење и се најде во воздухот и штетен е ако влезе во белите дробови. Но во дигестивниот тракт не предизвикува штети по здравјето, смирува Лепиткова и додава: „Постојат современи и посигурни материјали и би била среќна доколку водоводите во иднина ги градиме со инокс на пример. Тие материјали делуваат скапи, но подоцна се поисплатливи, долготрајни и сигурни по здравјето на граѓаните. Има многу кредитни линии и ги охрабрувам градоначалниците да им дадат приоритет на ваквите проекти кои се финансираат преку Министерството за транспорт и врски.“
Во 21 век има места без водовод и вода за пиење
Македонија и во овој поглед е земја на контрасти, некои ја имаат и трошат без мерка, други не знаат како тече вода од чешма. „Има помали населени места и места кои се пред згаснување поради иселување кои и сега се без водовод и здрава вода за пиење. Има општини кои изградиле јавни водоводи или се во фаза да направат такви проекти, меѓутоа населението не ги прифаќа, не сака да ја плаќа водата бидејќи имаат бунари во дворовите и на сопствен ризик ги корист со децении. Такви случаи се забележани во Кратовско, Македонска Каменица,“ вели за Дојче веле Соња Лепиткова, државен секретар во Министерството за животна средина.
Зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Гевгелија?!
Поради континуиран зголемен процент на арсен во водата за пиење во Гевгелија, Агенцијата за храна и вода објави забрана за нејзино користење. Според Светската здравствена организација и македонскиот Правилник концентрацијата на арсен во еден литар вода не смее да е поголема од 10 микрограми, а во Гевгелија стигнал и до 14,8 микрограми. Јованка Дојранлиева – член на Граѓанската иницијатива „Граѓаните и АРСЕНА“, вели : „Дваесет месеци и по забраната, во Гевгелија се пие вода збогатена со арсен кој убива, тивко. Пред три месеци јавно побаравме Општината да ја намали цената на
Повеќе на – DW.DE
Гевгелија
водата од градскиот водовод и граѓаните да ја плаќаат како техничка вода и да обезбеди субвениции за набавка на флаширана вода за домаќинствата. Одговор од локалната и јавното комунално претпријатие немаме. Ако треба ќе доставиме и конкретна иницијатива до Советот на Општината“, вели Дојранлиева.