Најпопуларниот сајт за временска прогноза Accuweather најавува неверојатно топла зима. Во текот на есенските месеци, октомври и ноември, температурата ќе биде пролетна, додека негативни температури, нема да има се до јануари.
Прогнозите велат дека освен на повисоките места, снег речи си нема ни да има. Прогнозите се дека просечната октомвриска температура ќе биде 12 степени, а кон крајот на октомври се очекуваат емператури во просек од околу 6 степени. Слично време се очекува и во ноември и декември кога температурите ќе се движат од 3 до 8 степени.
Најстудено се очекува да биде кон крајот на јануари кога температурата ќе се спушти до минус 3 Целзиусови степени. Тогаш се очекува и првиот снег, кон нема долго да се задржи.
За во февруари се очекува надпросечно топло време со температури кои ќе достигнуваат и до 8 степени.
Уште во март, според најпопуларниот сајт за временска прогноза може да се поздравиме со зимата, бидејќи температурите ќе достигнат до 15 степени.
Треба да се има предвид дека долгорочните прогнози се само ориентациони и дека не треба да се земаат „здраво за готово“