По тропските горештини сега имаме малку понормални температури, а така ќе биде и во наредните неколку дена. Но, сигурно повеќе ве интересира каква ќе биде оваа зима, 2014-та.
Долгорочните прогнози на ECMWF (The European Centre for Medium-Range Weather Forecasts), со седиште во Рединг, Англија, досега се покажале како многу точни. Метеоролозите предупредуваат дека сѐ уште е премногу рано за да дадат прецизни прогнози за оваа зима, но еве ги заклучоците врз основа на податоците кои досега се собрани.
Долгорочните временски прогнози велат дека оваа есен, кај нас и на целиот Балкан, ќе биде сончева, односно сите три есенски месеци ќе бидат надпросечно топли.
Во зимските месеци температурите ќе бидат просечни, па зимата нема да биде ниту премногу ладна, ниту топла. Нормално, треба да очекуваме кратки периоди со поладно време, проследени со снег и дожд.