Најпопуларниот сајт за временска прогноза Accuweather најавува неверојатно топла зима. негативни температури, нема да има се до јануари.
Прогнозите велат дека освен на повисоките места, снег речи си нема ни да има по котлините.
Најстудено се очекува да биде кон крајот на јануари кога температурата ќе се спушти до минус 3 Целзиусови степени. Тогаш се очекува и првиот снег во котлините, кој нема долго да се задржи.
За во февруари се очекува натпросечно топло време со температури кои ќе достигнуваат и до 8 степени.
Уште во март, според најпопуларниот сајт за временска прогноза може да се поздравиме со зимата, бидејќи температурите ќе достигнат до 15 степени.
Треба да се има предвид дека долгорочните прогнози се само ориентациони и дека не треба да се земаат „здраво за готово“.