Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд, кој особено ќе биде изразен во југоисточниот дел на земјава.
Во утринските часови по одделни котлини и речните долови ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 10, а дневната од 11 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје пак, времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец.
Во утринските часови ќе има услови за слаба магла и ниска облачност.
Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искачи до 14 степени.