Какво време нѐ чека: Прогноза за првата половина на октомври


Во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која продира од југ и истата ќе услови значително затоплување и натпросечно високи температури на воздухот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени додека на југоисток истите можно е да се искачат дури и до околу 30 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Времето ќе биде сончево со умерена а повремено и значителна локална облачност а повремено ќе има услови и за слаб локален дожд, ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендот како и на почетокот од следната недела ќе има услови за повремен локален дожд како и за локална нестабилност проследена со грмежи.

Пред нас е период на значително потопло време со високи летни температури на воздухот.

Според Попоски, првата половина од овој месец треба да помине во знакот на релативно топло време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1