Оваа недела ќе има постепен раст на температурата и претежно сончево време во Македонија. Мало зголемување на облачноста се очекува само во вторник и тоа во планинскиот предел во северозападниот крај.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала облачност која во попладневните часови ќе се зголеми. Во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, но температурите нема да бидат особено високи. Во почетокот на следниот викенд ќе достигнат до 37 степени на југоистокот од земјата.
Во среда пак ќе има стабилно, суво и сончево време, а таквото време ќе се задржи до крајот на работната недела.
Во однос на температурата се очекува постепен пораст од ден на ден.