Калциум магнезиум ацетат на улиците за намалување на загаденоста во Скопје


Град Скопје од вечерва почна со третирање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.ulici skopje

Со ова средство во наредниот период ќе се третираат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“ во центарот на градот, како и булеварот „Трета македонска бригада” (од крстосницата со улицата „Коста Новаковиќ” до крстосницата со булеварот „Србија”) и булеварот „Србија” (од крстосницата со булеварот „12-та Македонска бригада” до крстосницата со булеварите „Видое Смилевски Бато” и „Јане Сандански”) во Општина Аеродром. Согласно со условите на терен, бројот на улици кои ќе се третираат со ова средство ќе се зголеми.

Град Скопје нагласува дека брзината на движење на возилата на улиците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, поради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е веќе поставена и соодветна сообраќајна сигнализација, а изработен е и соодветен сообраќаен проект.

– Калциум магнезиум ацетат е средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), а најважно е што не е корозивен (нема да предизвика оштетување на возилата). Производот е лесен за апликација и целосно е стабилен, што значи може да се чува за подолг период. При неговото аплицирање како резултат на неговиот состав може да се почувствува слаб мирис на оцет, кој исто така не е опасен по здравјето на луѓето, информира Град Скопје.

Во соопштението наведува и дека искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти. За реализација на овој процес, ЈП „Комунална хигиена“ минатата година специјално адпатираше шест од новите возила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1