Камчев спроведен до суд да сведочи за „Меѓународен сојуз“


Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Меѓународен сојуз“. Во судницата е и бизнисменот Јордан Камчев, кој е спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.

Тој на денешното рочиште треба да даде исказ во својство на сведок. Судијката Софче Ефремова на последното рочиште за овој предмет најави дека денеска покрај Камчев треба да сведочи и Агапи Дика.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1