Каменос: Ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје


Ние на кој било начин ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје, ова е јасно, вели лидерот на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.

Во интервју за утринска емисија на грчката телевизија „Антена“, тој не само што ги повтори неговите позиции против сложено име, туку два пати порача дека тие како партија ќе се обидат на кој било начин, да блокираат терминот Македонија да биде вклучен во името на нашата земја.

Каменос, токму поради барањето за уставни промени, смета дека договор нема да има, па дури ни по изборите во Грција што регуларно треба да се одржат во септември следната година.

– Сметам дека прашањето со името на Скопје нема да дојде пред изборите, бидејќи нема да има уставна промена во Скопје. Веруваме дека нема да дојде ниту по изборите. Но, доколку дојде, јас сум обврзан да го следам мандатот што го имам од граѓаните. И мандатот што Независни Грци го имаат од народот е никаква употреба на терминот Македонија, од никаква причина и на никаков начин, крај, порача актуелниот министер за одбрана на Грција.

Панос Каменос во интервјуто објасни дека тој е министер за одбрана во една коалициска влада, во која секој има свои црвени линии.

– Премиерот ги почитува моите црвени линии, јас ги почитувам црвените линии на премиерот, додаде Камнос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1