Каменос: Македонија е една и грчка


Не прифаќаме ниту Северна, ниту Јужна, ниту Источна, ниту Западна Македонија, затоа што Македонија е една и грчка, вели лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката Влада, Панос Каменос и уште еднаш го повтори неговиот цврст став од кој, како што вели, не отстапува. Паралелно, рече дека предуслов за решение е промена на македонскиот Устав.

– За името на Македонија е јасна позицијата на Независни Грци. Не прифаќаме ниедно решение што ќе го содржи името Македонија. Ниту Северна, ниту Јужна, ниту Источна, ниту Западна Македонија. Македонија е една и грчка, Македонија како што ја опиша Константинос Караманлис. На ред е ПЈРМ, Скопје, да направи уставни промени. Ајде да видиме. Грција има направено доста чекори. Секако дека сакаме решение, без давање на терминот Македонија. Промената на Уставот е предуслов за било кое друго решение, вели Каменос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1