Вчера кај бензинската во Сарај бил каменуван автобусот бр.2. Каменот преку отворениот прозорец погодил патник по глава.
Возач на автобус на скопското јавно претприајтие ја информирал полициајта дека вчеравечер кога поминувал покрај бензинската пумпа во сарај, непознати лице фрлил камен кон автобусот.
Увидот покажал дека автобусот не бил оштетен затоа што каменот влегол низ отворениоот прозорец и погодил еден од патниците во глава. Патникот заработил видливи повреди. Полицијата сеуште се обидува да го расветли случајот.
МВР во билтенот за овој случај соопштува:
На 31.08.2013 година во ПС-Ѓорче Петров, Н.В. возач на автобус на ЈСП со бр.2, пријавил дека во с.Сарај кај бензинската пумпа додека возел автобус со гаражен бр.1239, од страна на НН сторител бил фрлен камен кон автобусот и преку отворениот прозор каменот погодил патник, кој се здобил со видлива повреда-расекотина на главата