Каменуван станот на уредникот на ТВ Стар во Штип (Видео)


Ноќеска е каменуван станот на Оливера Жежова, уредник на вестите на ТВ Стар. Напаѓачот испратил неколку поголеми камења во прозорските стакла од балконот, а успешен бил со два.
Едниот камен завршил во профилот од терасата, а другиот онаму и каде што бил наменет во стаклото. Тресокот се слушнал само 5 минути откако биле исклучени светлата, што веројатно значи дека некој чекал пред зградата.
Screenshot_64
Позадината на нападот , веројатно е во континуираните остри прилози од Делчево до Штип кои очигледно не остануваат без ваков вид на одговор. Очигледно се работи за јасно упатена порака, до уредничката и до телевизијата, јавува тв Стар
Инаку, случајот е пријавен во СВР Штип и надлежните екипи веке работат на него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1