Сообраќајната несреќа се случила на локалниот пат Црешево – Раштак, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според податоците на полицијата, до несреќата дошло откако камионот со скопски регистарски таблички од засега непознати причини излетал од коловозот, при што на самото место починал сопатникот, а возачот на камионот се здобил со повреди. Повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.