Невообичаена случка на Широк сока, денеска го привлече вниманието на битолчани. При изведување на инсталациски работи на најпознатата битолска улица, во близина на Домот на АРМ, пропадна и се преврте десеттотонски камион на ЈП “Нискоградба“, кои се изведувачи на одводна канализација, јавува Алфа
– Работиме на приклучок на Широк сокак и денес, при товарење на камионот, настана лизгање на земјиштето и го повлече камионот. Човечки жртви и повбредени нема, има мала штета на камионот и понатаму ќе се проценува. Тука е полицијата, има увидна екипа, иамме комплетна документација, а донесовме и дигалка за да го извадиме камионот и да бне направиме дополнителна штета на возилото – рече Кире Крстевски, директор на ЈП “Нискоградба“ во Битола.
По извршениот увид, ќе бидат утврдени околностите поради кои настана превртувањето, а допрва ќе се утврдува, дали и колку има шуплини на инфраструктурниот коридот на Широк сокак, веројатно останати од времето на неговото поплочување.