Во судар на камион и школски автобус, кој превезувал група на чирлидерки од средно училиште во западен Тексас, настрада едно лице, а седум се повредени.
Загина Елизабет Поуп (52), една од спонзорите на чирлидерките.
Од седум повредени кои се префрлени во блиските болници, четворица се пуштени дома.
До сударот дошло кога автобусот, во кој се наоѓале шесте чирлидерки и двајца спонзори, се враќал од фудбалски натпревар од Колорадо Сити во Тексас.
Оскар Виљареал од Одделението за јавна безбедност од Тексас рече дека камионот со кој автобусот се судрил, изгубил контрола во обид да избегне судар во автомобил, на кој му откажале кочниците.
Се уште не може да се утврди точната причина за сударот, но и патот бил мокар од дождот.