Камион кој движејќи се закачил кабли од кабелска телевизија и телекомуникации, вечерва нешто пред 23 часот урнал неколку дрвени бандери и столбови од уличното осветлување на улицата Мoмчило Јорданоски во Охрид, јави Охрид1.
Полицијата излегла на лице место и врши увид, а очевидци за Охрид 1 велат дека чиста среќа е тоа што никој од минувачите кои пешки оделе на тротоарот не настрадале.
уште една бандера на улицата Момчило Јорданоски се урнала од како патнички автомобил се заплеткал во каблите кои виселе над коловозот, по што ја повлекол и бандерата која се урнала на коловозот откако повеќе коли не се придржувале на повиците од насобраните граѓани, а воедно и од првиот полицаец кој бил на лице место и неможел целосно да ја контролира ситуацијата.