Канческа-Милевска ќе ги води избрканите – ќе е координатор на новата пратеничка група


Осуммината опозициски пратеници, кои гласаа за пристапување кон уставни измени, попладнево до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека во иднина ќе настапуваат самостојно како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група, пишува Фактор.мк

Претседателот на Собранието, Џафери изјави дека добил поединечни известувања од овие пратеници дека во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно како независни пратеници.

Најверојатно координатор на оваа пратеничка група, ќе биде Елизабета Канческа-Милевска.

Во оваа пратеничка група освен Канческа-Милевска ќе бидат и пратениците Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ и Нола Исмаиловска Старова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1