Министерката за култура, Елезабета Канчевска се огласи на ФБ после објавувањето на разговорот на трибината во Универзална сала, каде се слуша како машки глас за кој СДСМ тврдат дека е министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е бесен што симпатиите на семејството на прерано починатата македонска икона Тоше Проески затоа што не се на страната на ВМРО -ДПМНЕ и бара да се укине сè што добиваат како помош од државата.
-Како жена, сопруга и мајка, и како искрен почитувач на делото на Тоше Проески сум згрозена и длабоко загрижена од обидот за политизација и валкање на неговото име и неговата фамилија.
Јас, и како човек, и како министер, во многу наврати, со конкретни дела и постапки имам демонстрирано исклучителна висока почит и конкретна поддршка за семејството на Тоше Проески, без притоа да се обидувам да градам политички поени како што тоа го прави СДСМ денес, плукајќи и сеејќи омраза.
Тоше тоа не го заслужува. Тој сите нас не научи на многу повеќе од тоа – напиша таа.