Американскиот рапер Кање Вест бил итно хоспитализиран по откажувањето на 21 концерт од својата северноамериканска турнеја, јави Њујорк Тајмс.
Наводно во прашање била истоштеност, а триесет и деветгодишниот рапер моментално се наоѓа на клиника во Лос Анџелес, на психијатриското одделение.
Мајк Лопезм портпаролот на Полицијата на Лос Анџелес, изјави дека вчера попладне дека добиле повик за нарушување на јавниот ред на адреса на којашто се наоѓа еден од имотите на ѕвездата. По пристигнувањето, тие веднаш повикале и итна помош.
Откажувањето на турнејата на Кање следи по неговото јавно искажан политички став во средата, дека за него, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп е „апсолутно генијален“.
Во неделата, организаторите на твитер објавија дека преостанатите концерти од турнејата што треба да треае до 31 декември, се откажани и дека парите за билетите ќе бидат вратени.