Канцелријата на Ајнштајн на денот кога умрел (Фото)


Алберт Ајнштајн, чии теории експлодираа и ги преобликуваа нашите идеи за тоа како универзумот работи, починал на 18 април 1955 година од срцев удар.

ajnstajn

Тој почина на 76 годишна возраст, а неговиот погреб и кремирањето беа држани во целосна тајност. Сепак еден фотограф успеа да ги долови настаните од овој ден.


ajnstajn kancelarijaВооружан со својата камера и шише виски, Морс успеал да го долови моментот од канцеларијата на денот кога починал Алберт Ајнштајн, фотографија која до ден денес не била објавена, по барање на неговиот син, кој сакал да се почитува приватноста на семејството.

Повеќе од пет децении фотографиите на Марс лежеле заборавени во архивите на весникот.

Приказната за тао како Морс дошол до сликите, е предмет на лекција за издржливост и размислување.
По добиениот повик од страна на уредникот на списанието, дека во април тоа утро починал Ајншајн, Морс се подготвил, а по пат си купил едно шише скоч.

Кога пристигнал пред зградата, на надзорникот му дал малку од вискито, по што овој му ја отворил канцеларијата.

ajnstajn3

Во тој период телото на Ајнштајн било преместено од болницата во погребниот дом во Принстон.

Морс дури пристигнал и на гробиштата за да го долови и местото каде ќе биде погребан најголемиот научник на сите времиња. Но, тој ден биле ископани дузина гробови.

Морс забележал неколку момчиња како копаат еден гроб, по што им го понудил остатокот од скочот за информацијата каде е телото на Ајнштајн. Едното од нив му рекло дека за 20 минути ќе биде кремиран во крематориумот Трентон.

ajnstajn kancelarija2Како што минувал денот Морс бил премногу возбуден затоа што тој бил единствениот фотограф во тој момент кој успеал да ја сними канцеларијата каде што работел најголемиот ум на сите времиња.

Возбуден веднаш отпатувал во просториите на весникот каде што се сретнал со Ед Томсон, новинарот кој требало да ја објави сторијата за смртта на големиот ум. Но, истата не беше објавена пред се поради барањето на синот на Ајнштајн за почит кон приватноста на семејството.

Синот на Ајнштајн, Ханс, се јавил во канцеларијата на Томсон да го замоли за не објавување на сторијата. Така ваквата фотографија со децении останала заробена во аргхивите на весникот, се до ден денес после 60 години.

Фото – Life Time

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1