Претседателот на Управниот суд Исамедин Лимани си поднесе оставка, веднаш откако Судот оспори одлуките на Државната изборна комисија по приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за вториот круг на изборите во општина Центар, информираат извори од Судот за Капитал.
Од досега објавените информации на веб-страницата на Судот, кои се однесуваат на петнаесетина гласачки места во Центар, прегласување ќе има, бидејќи бројот на регистрирани гласачи на овие избирачки места каде што е оспорен изборниот процес влијае врз конечниот резултат, односно е поголем од разликата меѓу победникот Андреј Жерновски и поразениот кандидат Владимир Тодоровиќ.
Поништено е гласањето на избирачки места на кои се запишани 4 илјади гласачи, а разликата меѓу кандидатите во вториот круг беше 981 глас.
УПРАВНИОТ СУД ОДЛУЧИ: ЌЕ СЕ ПРЕГЛАСУВА ВО ЦЕНТАР – ЖЕРНОВСКИ НАЈАВУВА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ЌЕ СЕ ПРЕГЛАСУВА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР?
ЖЕРНОВСКИ: КОЛКУ КРУГА САКААТ НЕКА ИМА, ЏАБЕ ИМ Е – ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО