Бугарија ќе продолжи да ги штити своите национални интереси и на крајот на денот ние сме во ЕУ, а не Македонија, повтори бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во телевизиско интервју.
– Не сметам дека сме неразбрани од страна на европските партнери. Бугарија никогаш не давала безрезервна поддршка. Ние кажавме во Скопје дека ако Договорот не се почитува, нема влез во ЕУ, додаде Каракачанов.
Според него, на одредени земји во ЕУ им одговара Македонија да е дел од Унијата поради геостратешки интереси, но потсети дека тоа нема да може да се случи преку занемарување на бугарските интереси.
– Не можам да кажам дека имаме притисок за да го смениме мислењето, но ќе кажам дека има надворешни фактори што не разубедуваат, иако мене лично не. Не верувам дека ниту Борисов ќе ја свие опашката, заклучи Каракачанов.