По лошиот резултат на парламентарните избори, Красимир Каракачанов денеска поднесе оставка од позицијата претседател на бугарската партија ВМРО.
Тој соопшти дека по анализата на изборните резултати, тој и целото раководство одлучиле да поднесат оставка и да се закаже Конгрес на кој ќе се бира ново раководство.
Ова значи дека покрај Каракачанов, оставка поднесуваат и потпретседателите Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов.
Инаку, Стојанов беше уапсен и задржан во полициска станица 24 часа поради изборен поткуп.
-Ги повикуваме бугарските политички партии, застапени во Народното собрание, да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија, напиша Каракачанов на Фејсбук.