„Карфур“ пропаѓа во цел регион – се затвараат и маркетите во Бугарија и во Грција (Фото)


01cf37949a0ca905f837694f712d191f85f29a860d72fbff29b682733eb9c252„Карфур“ во СитиМол е затворен пред два дена, имал огромни долгови кон снабдувачите, банките и вработените.

Вработените останаа дома, трговскиот центар не е известен за прекинувањето со работа, а 50-тина македонски компании имаат побарувања од маркетот кои се мерат во милионски суми. Со месеци чекаат пари од фирмата ЦМБ Балканс Скопје, која е носител на франшизата Карфур во Македонија.

Комерцијална банка веќе ја активирала хипотеката на кредитот што компанијата го зела од оваа банка.

Компаниите на кои „Карфур“ им е должник веќе побарале помош од Стопанската комора на Македонија, која пратила допис со известување до повеќе владини претставници.

Од Владата рекоа дека дописот од Стопанските комори кои побараа владата да се вклучи во случајот е разгледан со полно внимание и сите државни институции кои се надлежни за овој и сите други случаи ќе постапат согласно законот.

Фотографиите направени во бугарскиот „Карфур“ се доказ дека хипермаркетот бележи неуспех во цел регион.cc09cbf6e71e7ef73e1e6983b3be6ec769a6f322b56911e3c95cc0798648b328 7aaa358f3771b2284f8777479c9ecba26b9fd9537e2c804bbb4425923b31b37a 88b4f96093ef0f11f80d2980fdb3c1a89d866b88bae0fe407a4757f73d2c59fb

Празни полици, преполовен број на невработени е сликата и од „Карфур“ во Бугарија, а според информациите и албанскиот „Карфур“ е пред затворање.

 

Француската бизнис фирма одамна одлучи да го напушти и грчкиот пазар.

Сопственик на хипермаркет Карфур во Скопје е грчката компанија „Маринопулос“ на грчкиот бизнисмен Леонидас Маринопулос, која пред неколку години ги купи маркетите „Карфур“ во Грција откако Французите решија да го повлечат својот бизнис од Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1