Во амбулантата на Клиниката за инфективни болести дневно се јавуваат по пет-шест пациенти со убоди од крлежи, но засега нема хоспитализирани со некоја од болестите што ги пренесуваат овие инсекти, пишува Вест.
Болести што ги пренесува крлежот во нашето поднебје се лајмската болест и реикетозата. Лајмската болест се манифестира со голем црвен оток околу местото на каснувањето, а рикетите се бактерии кои ги пренесува крлежот и кои предизвикуваат појава на покачена температура, главоболка и нафрлување по телото. Овие инсекти може да пренесат и многу посериозни заболувања, како што се енцефалит или менинго енцефалит.
“Ако во рок од два до три дена не излезе остатокот од осилото и добие симптоми на некоја од болестите, веднаш треба да се јави на Клиниката. Во спротивно, со упат од матичен лекар, да оди кај хирург за да му го извади крлежот. Пациентите не треба сами да се обидуваат да го вадат ако не знаат и не се препорачува сами да чепкаат со метални предмети”, велат лекарите за Вест.