Катарина Радивоевиќ, која ја паметиме по улогата на Зоне од „Зона Замфирова“, веќе извесно време е во љубов со рускиот тајкун и остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Михаил Ходорковски.
Една од најуспешните српски актерки и бившиот директор на најголемата руска нафтена компанија Јукос се запознале пред една година во Лос АНџелес каде што ја започнале својата врска.
– Ги запозна адвокат на Михаил. Рускиоt богаташ се вљуби во Катарина на прв поглед. И таа полуде по него и ги замрзна јајце-клетките, бидејќи и отчукува биолошкиот часовник. Поради целата ситуација и сите околности не се гледаат често – открил извор близок на убавата актерка за српски Курир. Тој додал и дека актерката, која поради кариерата минатата година се преселила во Америка, во Лос Анџелес доаѓа само поради Ходорковски.
Ходорковски порано бил најбогатиот Русин, но владата на Путин во 2003 година го обвинила за проневера и перење на парите, поради што бил осуден на девет години затвор. По издржувањето на казната, побарал и добил азил во Швајцарија каде што во моментот живее, пишува Мондо.рс.
Рускиот печат проценува дека е тежок околу 500 милиони долари, додека тој вели дека таа цифра е пет пати помала.
Актерката не сакала да ги коментира овие наводи.