Катастарот ќе исправа грешки – Фиктивните сопственици на имотниот лист ќе се бришат бесплатно


Катастарот ќе ги исправа грешките настанити при впишување на правата на недвижностите во имотните листови на граѓаните, до кои дошло при преклопот на дигиталните со аналогните планови. Поради таквите грешки, на имотни листови, на територијата на Скопје во населбите Ѓорче Петров, Драчево, Волково, Сарај, но и во други делови на државата, се јавуваат и повеќе сопственици на една парцела. Има примери кога за земјиште од 500 квадрати се јавуваат и по 20 сопственици.

Со измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности од 18 јуни годинава, за коишто во изминатите две недели се завршени и подзаконските акти, граѓаните веќе да достават барање до катастарот кој бесплатно ќе ја поправи грешката. Со тоа ќе се отстранат ограничувањата за располагање со земјиштето, тоа да се дава на подарок, да се продава, да се става под хипотека…

Како што информира директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев ќе се бришат грешките за соспственичките делови кои се запишани во имотен лист, а кои се однесуваат за површини во рамки на пет проценти од вкупната површина на катастарската парцела. Граѓаните треба да си достават барање за исправка на грешка и тие што се во рамки на пет проценти од површината ќе се бришат по службена должност односно без никаков надомест.

За деловите кога граничната парцела ќе надмине повеќе од пет проценти од вкупната површина доколку има разбирање со соседите ќе може да се постапува со изјава на нотар дека е прифатена новата гранична линија без да се водат скапи судски спорови што чинат повеќе од самото земјиште.

Станува збор за измени на грешки што се направени при примена на различни техноогии, односно воспоставување и запишување на правата врз основа на дигитален премер и дигитални катастарски планови во однос на аналогните планови односно податоците од катастар на земјиште. Притоа се настанати многу грешки кои имаат направено голем број проблеми во самите имотни листи во делот на сопственичките права односно во листот А каде се запишани правата на недвижности.

– Во постапката на воспоставување на катастарот на недвижности сите аналогни планови се дигитализирани. Во таа постапка на дигитализација самиот преклоп на дигиталниот катастарски план кој е основа за утврдување на границите на катастаракста парцела со која располагате правата се влечени за во листот А од катастарот на земјите. Во постапката на дигитализација доколку мало отстапување во самиот процес на дигиталзиација не е соодветно дигитализирано правата се влечени од соседната парцела во која дошло преклопување. Затоа има имотни листи кога со еден или два квадрата земјиште е впишан соседот. Тоа не е грешка која ја направил граѓанинот, туку во постапката на дигитализација и воспоставување на катастарот на недвижности, појасни Тунџев на средба со новинари.

Со измените на законот се нуди решение и за проблемот на впишување сосопственички дел на имот во сопственост на државата. Тоа е направено исто така при воспоставување на катастарот на недвижности, во случаи кога граѓаните намерно или случајно узурпирале дел од државен имот и тој дел сега е запишан во нивниот имотен лист без можност за решавање.

Државата по службена должност ќе го одви нејзиниот дел за да може граѓаните слободно да располагаат со имотниот лист и да го употребуваат за други постапки, како договори за подарок, купопродажба, ставање под хипотека. Сега за такво нешто треба да се обебзбеди соглсност или првин да се понуди на сосопственикот кој во парцелата има на пример 10 квадрати.

– Најдено е решение, исто така со поднесено барање но и по службена должност делот кој е на Република Северна Македонија физички ќе го двоиме во посебна парцела со посебен број со цел имотните листи на граѓаните да бидат чисти без никакви сосопственички односно идеални делови. Во други постапки дали со носење детални урбанистички планови или откуп на тоа земјиште претежно во градежните реони тие ќе имаат право да го дооформат или докупат согласно со донесените урбанистички планови, но во реалниот живот во моменталната состојба тој сосопственички дел нема да им прави проблем да си располагаат со сопствениот имот, појасни Тунџев.

Според него, со законските измени ќе се исправат најголем дел од случаите, освен оние каде има нарушени меѓусоседски односи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1