Катастрофа во Сицилија, горат милиони литри нафта (видео)


Страотен пожар од широки размери избувна во италијанската рафинерија Милако на Сицилија. Според првичните информации, горат неколку милиони литри на нафта а пред пожарот се слушнала силна експлозија.

Огромен божар избувна во италијанската рафинерија Милацо, на брегот на Средоземното Море. Според првичните информации, пожарот може да се види од далечина од неколку километри. Горат милиони литри нафта и горива и гаснењето се очекува да трае со часови.Par7986538-037_MGTHUMB-INTERNA-414x272

Во експлозијата, која му претходеше на пожарот, нема повредени. Противпожарните екипи се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, која започна нешто после полноќ. Стотици семејства кои живеат во близина се одлучиле во текот на ноќта да се преместат на друга локација, иако властите тврдат дека ситуацијата е под контрола и оти нема потреба за евакуација.

Причините за експлозијата и пожарот во рафинеријата уште не се утврдени. Гаснењето можеби ќе трае додека целото гориво едноставно не изгори. Последната сериозна несреќа во оваа рафинерија се случи во 1993 година, кога во експлозија на еден од погоните загинаа седум лица.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1