Македонската манекенка со интернационална кариера, Катарина Ивановска, е на одмор на Миконос заедно со сопругот Цобе и синчето Вања.
Таа се пофали дека ужива на одморот со семејството, а објави и фотографија на која е со синот. Откако Катарина се породи, таа веднаш ѝ се врати на старата фигура, а неодамна објави фотографија на која се пофали дека, конечно, нашла време за себе и му се вратила на вежбањето.
Катарина е уште една од домашните познати лица што летово е на Миконос. Од таму дека се на летување се јавија Каролина Гочева, Елена Ристевска и Тамара Тодевска.