Уште незапочнато судењето, тие без да им се даде збор почнаа да го навредуваат Судот со навредливи зборови.
Фрапантно и скандалозно однесување на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи на проодлжението од судското рочиште за случајот „насилство во Општина Центар“.
Јанева и Фетаи на денешната расправа и претрес во Судот сакаа да направат театар, преку постојано прекинување и лични навреди кон судијата и Судот.
Уште незапочнато судењето, тие без да им се даде збор почнаа да го навредуваат Судот со навредливи зборови.
Судијата ги казни неколку пати со по илјада евра поради поради елементарно непочитување на Судот, по што тие се пофалија дека ќе плати народот и плаќањето ќе биде со државниот буџет за кој е познато дека е огромен и не даваат никаков отчет за неговото трошење.
Со самата пофалба пред Судот дека казната ќе ја платат со буџетот од државата доделен на располагање на СЈО, тие практично признаваат злоупотреба. бидејќи лична казна не може да се плаќа со народни пари. Тие со ова признаваат дека за приватни цели го распродаваат државниот имот.
Рочиштето е презакажано поради немање на услови за работа.