Католичките верници го слават Божик


Католичките верници ширум светот денеска го слават Божик во малку поинаква атмосфера, без големи семејни собири поради пандемијата на коронавирусот.

Празникот што го слави раѓањето на Исус, 25 декември, според Грегоријанскиот календар, Божик е еден од најголеми христијански празници.

Милиони верници беа принудени да ги откажат или ограничат прославите на тој празник во време кога голем број земји воведуваат нови ограничувања.

Пандемијата однесе повеќе од 1,7 милиони животи, а голем број нови жаришта потсетуваат дека и покрај вакцинацијата, животот нема да се врати во нормала толку брзо.

Во Витлеем, родното место на Исус Христос, мисата се одржа претходниот ден без верници и се пренесуваше преку интернет.

Папата Франциск, исто така, одржа миса вчера во задниот дел на базиликата Свети Петар на која присуствуваа помалку од сто луѓе, заедно со неколку кардинали и епископи. Под нормални околности, мисата се одржува во главниот дел на базиликата, кога има обично 10.000 луѓе.

Папата денеска ќе прочита и порака „Урби ет Орби“ од сала внатре во Ватикан наместо од балкон на плоштадот Свети Петар, кога обично се собираат десетици илјади луѓе.

Низ Европа, Божиќните прослави се откажани, а бројни верски водачи ги повикаа верниците да останат дома со своите семејства за да ги заштитат другите и себеси од Ковид-19.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1