Денеска католиците ширум светот го слават најголемиот христијански празник, Воскресение Христово (Велигден). Исус сам го оживеал своето мртво тело и на тој начин докажал дека Тој е Семожен Господ. Најголем доказ за своето божество дал кога излегол жив од гробот и се појавил пред својата мајка, заплашените пријатели и апостолите. Распнатиот и убиен Исус, воскреснал.
Исчезнала темнината на Велики Петок и заблескало утрото на воскресението. Тоа светло веќе две илјади години на сите луѓе со добра волја им го покажува патот кон среќата и спасението.