Денеска верниците од католичка вероисповед го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик.
Централната прослава по повод празникот во Македонија се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше свечена литургија.
Поглаварот на Римо Католичката Црква Папата Франциско синоќа во својата прва Божиќна порака што ја упати од Ватикан укажа дека во луѓето постојат добри и лоши страни и ги повика верниците да ги сакаат и почитуваат своите ближни.
Папата Франциско денеска треба да ја упати својата традиционална божиќна порака “Урби ет Орби “.
Вчера Божик го честиташе и бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов кој пред католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.