Кацарска: Нинџа знаел за упадот, ама не влегол во Собрание и не тепал


Денеска во Кривичниот суд беа изречени пресудите за настаните на 27. април во 2017 година во Собрание. Судијката Добрила Кацарска пред пресудата кажа дека обвинетиот Александар Николовски-Нинџа знаел за упадот, ама не влегол во Собранието и не тепал.

„Обвинетиот Абдуљфета Алими не презема ништо, а во себе ги носи клучевите, но судот не може е да не каже дека заради овој обвинет Села остана жив. Не може да не се спомене дека Влатко Трајковски прска со ПП апарат, како и дека Ченто го удира Заев, а Младен Додевски му задава удар на Села. Игор Југ се гледа дека се допира на половината каде носи темно сив предмет. Нинџа знаел дека групата ќе влегува во Собранието и ќе носат фантомки, но Нинџа не влезе во Собрание и не презеде дејствија. Никола Митревски Кољо безмилосно го удира Александар Јанковиќ. И заштитениот сведок кажа дека се што се случило во Собрание било добро исценирано. Заев и Села според овој сведок биле таргет, а Манчевски колатерална штета“, рече Кацарска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1