Казна од 130 до 300 евра за туристите кои ќе шетаат разголени низ Дубровник


1.000 хрватски куни (околу130 евра) ќе биде наплатена казна на лице место, а доколку не платите веднаш на домашна адреса ќе ви пристигнат уплатници на 2.500 куни (околу 300 евра) за сите оние кои ќе прошетаат разголени низ Дубровник, пренесуваат хрватските медиуми.dubrovnik

Казните важат од оваа година како за туристите, така и за домашното население кои ќе се осудат да прошетаат без облека или во костими за капење во историскиот дел на Дубровник, пишува „Слободна Далмација“.

По низата сезони кога низ градот кога се шетале разголени германски туристи до туристката која минатата година за разгледување на градот тргнала во минијатурни танга гаќи, во танга градската управа го изгубила трпението и одлучила да го санкционира таквото разуздано однесување.

Одлучено било од усно предупредување да се премине на конкретни парични казни за да се воведе код на облекување за централните подрачја во градските ѕидини на Дубровник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1