Казна од 200 евра за здравствен работник кој ќе запостави пациент


Во предлог-законот за измени на Законот за здравствена заштита се предвидува глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност во мандатна постапка за прекршок на здравствен работник ако оневозможи, попречи или го отежнува користењето на здравствена услуга.

Bolnica-pacijenti

Исто толкава казна ќе плати здравствен работник кој го запостави болниот кој се наоѓа на болничко лекување; не се придржува на општиот акт за користење на работната и заштитната облека; не го почитува работното време за прием и преглед на пациенти утврдени со општ акт на установата и не ги почитува општите акти на установата во врска со чувањето на лекови и медицинска опрема за кое е непосредно задолжен.

„Глобата од ставот (1) на овој член на самото место на прекршокот ја наплатува инспекторот“, се вели во предлог законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1