Три лица се казнети од страна на германски Суд поради непружање помош на пензионер, кој лежел онесвестен на под во банка.
Настанот, кој се случил пред една година, е снимен со камера и на снимката се гледа како пензионер на возраст од 83 години се онесвестува и удира со главата на подот пред банкомат во банка во западногерманскииот град Есен.
– Никој не сакаше да помогне, изјави судијата Карл Петер Витенберг за време на изрекувањето парична казна од 3.600 евра на 39-годишна жена и на двајца мажи на возраст од 55 и 61 година.
Двајца од обвинетите на судењето изјавиле дека мислеле оти пензионерот бил бездомник или дека заспал.
Инаку, пензионерот лежел на подот седум минути, се додека еден клиент не повикал брза помош, која дошла по 20 минути и го пренела во болница. По една недела, човекот починал во болницата. Лекарите посочиле дека тоа ќе се случело и доколку добиел лекарска помош веднаш по падот.