Казнети со камшикување поради непочитување на рамазанските пости


Петмина мажи биле јавно камшикувани во Иран затоа што јаделе за време на рамазанскиот пост, објавија денеска иранските медиуми

Луѓето кои биле казнети се од градот Керманџах и тие го игнорирале предупредувањето од полицијата за придржување на рамазанските пости и намерно јаделе, изјавил државниот обвинител Али Мозафари, пренесе агенцијата АФП.
ramazan2

Иранските власти секоја година издаваат предупредување до граѓаните дека не смеат да јадат и пијат за време на рамазанските пости кои траат од изгревот до залезот на сонцето. Но некои од граѓаните на Иран не ги следат препораките, посебно во жешките денови кога пијат вода на улица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1